Вредна донација за Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега на Општата болница во Охрид

Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување на Општата болница во Охрид преку донација доби нова современа медицинска опрема за сложени интубации на пациенти.
Станува збор за два конвенционални ларингоскопски сета со пет шпатули, неонатолошки конвенционаленларингоскопски сет со три шпатули, како и ларингоскопски сет со флексибилен врв за тешка интубација, со три шпатули. Сетoвите се со соодветни држачи и полначи.
Од ЈЗУ „Опшпта болница – Охрид“ посочуваат дека опремата вредна околу 300 илјади денари претставува клучен елемент за секојдневна и безбедна работа на тимот, особено во итни состојби каде навремената интубација може да спаси живот.
Инаку, донацијата е овозможена од страна на градежната компанија „Lychnidos Residences“, со благодарност од установата за покажаната општествена одговорност и посветеност кон унапредување на здравствената заштита во градот.
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
