Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
Крушево е домаќин на врвната светска елита во параглајдерството. Се одржува четвртата од петте етапи на светскиот куп во прелети со параглајдер.Од речиси сите земји од светот,132-јца врвни пилоти-параглајдери се натпреваруваат во Крушево и полетуваат од Мечкин Камен.
Според организаторите, Светската параглајдерска федерација, не се памети толку висок квалитет на натпреварувачи на Светскиот куп.
- Моментално во Крушево се врвните 20 светски пилоти во параглајдерство и досега сме немале таков висок квалитет на првенството. Се натпреваруваат во категорија прелет. Во моментов се 132 натпреварувачи од речиси цел свет: од Франција, Македонија, Кореја, Кина, Турција, Норвешка, Италија... Елитата на параглајдерството е во Крушево, вели Иван Луканов, менаџер на Светски куп во параглајдерство.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е здоволен од бројните гости и посетители и од развојот на алтернативниот туризам.
- Деновиве имаше три врвни меѓународни параглајдиг првенства. Сега е во ек Светскиот куп. Ние инвестирасвме во полетувалиштето на Мечкин Камен и уште ќе вложиме за развој на алтернативниот туризам за кој Крушево нуди совршени услови, вели Христоски.
За Џен Темпест од Англија Крушево е мека на светското параглајдерство со совршени услови.
- Крушево е апсолутна мека за параглајдерството. Прекрасна е долината, ги имаме и планините, земја за слетување. Едноставно е прекрсно. Одлично организирано, сигурно за летање, вели Темпест.
Јорк Хишбергер од Австрија ужива кога е во Крушево.
- Од Австрија сум. Ова ми е третпат. Атмосферата е одлична исто и условите за летање. Овде уживам, вели Хишбергер.
Светскиот куп во Параглајдерство во Крушево се одржува од 21 до 27 јули.
Превод: Крушево е апсолутна мека за параглајдерството. Прекрасна е долината, ги имаме и планините, земја за слетување. Едноставно е прекрсно. Одлично организирано, сигурно за летање.
МИА
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол