Македонија
23. August 2022 - 12:33

Втора година по ред локалитетот „Трескавичка чука“ е во фокусот на археолозите

Локалитетот „Трескавичка чука“ во близина на езерото Мантово во општина Конче, втора година по ред во фокусот на интересот на археолозите. Истражувањата и пронајдените артефакти, покажаа дека станува збор за воено утврдување од доцната антика и рано византискиот период. 

  • Се работи за еден нов локалитет кој долго време опстојувал и бил во функција на одбраната на патната мрежа која што го поврзува струмичкиот дел со овчеполието. Значи, уште од антиката оваа локација е позната, бидејќи овде се наоѓа и античкиот локалитет „Билазора“ “- изјави Мите Штерјов, директ на завод-музеј-Штип.

Како резултат на вулканската активност, целиот овој предел е богат со бакар, а трагови од рударска дејност уште во антиката се наоѓаат на сите досега познати наоѓалишта. 

  • Не се живеело само на врвот, на акрополот од тврдината, туку и околу тврдината. Од поранешните истражувања е забележано дека има голем број гробови кои датираат уште од раната антика- додаде Штерјов

Населбата била населена во еден подолг временски период, за што сведочи и црквата која била потопена со изградбата на вештачката акумулација.