Втора несреќа на патот Кочани - Штип, едно лице загина во тешка сообраќајка
Втора жртва во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани за неполни два дена од Новата година.
Вчеравечер дошло до судир помеѓу автобус со беровски регистарски таблички и автомобил марка опел астра со пробиштипска регистрација на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на клучката на штипската приградска населба Три Чешми.
Лекари од итната медицинска помош констатирале дека сопатникот во возилото починал на лице место. Од СВР-Штип информираат дека се работи за 37 годишно лице од Пробиштип. Возачот на автомобилот е негов врсник и со повреди беше пренесен на штипска клиничка, а по извршениот лекарски преглед е задржан на лекување и понатамошно испитување. Нема повредени патници во автобусот кој учествувал во судирот.
Додека траеше увидот од страна на полицијата, експресниот пат беше затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваа по стариот пат Штип-Кочани.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар