Вучиќ ѝ ја предаде должноста претседател на Ана Брнабиќ, таа рече „нема друг како него“

По оставката на Александар Вучиќ од функцијата претседател на Србија, претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска официјално ги презеде претседателските должности и ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател до изборот на негов наследник.
Примопредавањето се одржа во кабинетот на претседателот, каде Вучиќ на Брнабиќ ѝ ја предаде службената документација и материјалите поврзани со извршувањето на претседателската функција.
Меѓу нив се службениот печат, указите за одликувања и помилувања од двата претседателски мандата, регистарот на подароци, финансискиот извештај, извештајот за работата, како и документацијата за судски спорови и извршни постапки.
Во записникот од примопредавањето е наведено дека должноста ја предава Вучиќ како претседател кој поднел оставка, а ја презема Брнабиќ во својство на вршител на должноста претседател. Согласно Уставот на Србија, претседателката на Собранието може да ја извршува функцијата вршител на должноста претседател најмногу 90 дена.
Во тој период треба да биде спроведен изборот за нов шеф на државата. Изборите ги распишува претседателот на Народното собрание, а од денот на нивното распишување до денот на гласањето мора да поминат најмалку 30, а најмногу 60 дена. По преземањето на функцијата, Брнабиќ изјави дека за неа претставува чест тоа што ја презела должноста од Вучиќ.
Таа му се заблагодари за, како што наведе, неговиот ангажман и посветеност кон Србија. „Мислам дека Србија никогаш повеќе нема да има претседател кој се борел толку напорно, кој жртвувал толку многу и оставил сè друго настрана заради Србија“, изјави Брнабиќ во зградата на Претседателството.
Таа додаде дека ѝ претставува чест да ја преземе функцијата и да ја извршува до изборот на нов претседател од страна на граѓаните на Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
