Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
Српскиот претседател Вучич вечерва ќе оди во Тиват и покрај заканите по неговата безбедност. По препораките на српската тајна полиција БИА да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик, Вучич сепак одлучи да присуствува на Самиот на Европката Унија и Западниот Балкан, каде вети дека пред сите ќе каже за сите игри во кои Србија е преставена како мала Русија, а тие како измачени балтички земји.
- „ Им да дадов збор и на Урсула фон дер Лајен и ан Антонио Кошта дека ќе дојдам во Тиват. А дадениот збор за мене е најважен. Така да, вечерва ќе одам и ќе зборувам за тоа, затоа што не се плашам да ја кажам вистината, а имам што да кажам , изјави српскиот претседател Алексанадр Вучич.
Вучич изјавата ја деде пред претседателот на Европскиот Совет, Кошта, кој пак, се надева дека сите лидери ќе бидат сигурни и безбедни на самиот кој ќе се одржи утре.
Предупредувањата на Безбедносно информативната агенција следат откако вчера вечерта црногорската полиција им забрани влез на околу 90 лица од Србија, кои со чартер лет пристигнаа на аеродромот во Тиват. Сите тиа имале криминално минато и се сомнава дека дошле во Тиват по налог на српските власти , за да организираат дочек на нивниот престедател Вучич.
Кај нив биле пронајдени трансапаренти со натпис Србија победува, кои партијата на Вучич ги користи на своите митинзи. Сите се вратени со истиот авион во Белгард. Србија веднаш презеде реципрочни мерки и на многу гранични премини меѓу двете земји, како и на белградскиот аеродром, полицијата ги задржува црногорските државјани по неколку часа.
Пред утрешниот самит високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас го откажа учеството, поради здравствени причини.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
