-->
-->
Вучиќ на украинскиот амбасадор му го изнел ставот за војната и понудил хуманитарна помош
-->
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го прими амбасадорот на Украина во Белград, Олександар Александрович, кому му го пренел српскиот став за воениот конфликт во Украина и подготвеноста да пружи хуманитарна помош и прифаќање на бегалците, јави дописникот на МИА од Белград.
-Претседателот Вучиќ го информираше амбасадорот Александровиќ за позициите на Владата на Република Србија и Советот за национална безбедност. Претседателот Вучиќ кажа дека Србија е решена да ги почитува нормите на меѓународното јавно право, што значи почитување и на територијалниот интегритет на Украина и на другите меѓународно признати држави, се наведува во соопштението од службата за медиуми на српскиот претседател.
„Вучиќ ја изрази подготвеноста на Србија за пружање секаков вид хуманитарна помош за загрозеното население на Украина. Тој, исто така, изрази подготвеност за прифаќање цивилни бегалци, на кои им понуди најдобри можни услови и хотелско сместување, како и сите права на дозволите за престој и работа, во согласност со правилата на земјите од Европската Унија, дури и на повисоко ниво, за што амбасадорот Александрович се заблагодари“, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
