Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.
Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат.
Студентите во блокада веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори.
Вучиќ повтори дека оваа година ќе биде најуспешна за државата во економска смисла.
Според него, важно е за народот на Србија да се зачува мирот и стабилноста и да се „обединиме“.
Вучиќ додаде дека се надева дека во наредниот период ќе може државата да купи барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имала целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.
„Се надевам дека во наредниот период, за првпат ви кажувам, ќе можеме да купиме барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосно влијание и целосна контрола врз тоа што би правел мнозинскиот сопственик и би се прашувале за нешто. Нема да бидеме таму некој што се крие зад завесата и не одлучува за ништо. Бидејќи е важно за нас да имаме 34 проценти, повеќе од една третина, бидејќи тогаш можете да имате увид во финансиите и се друго“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека тоа ќе биде неговата цел во наредните месеци.
МИА
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
