Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денеска пред Народното собрание се случил терористички чин.
„Се извинувам што ќе морам да го напуштам овој прекрасен состанок, причината е терористичкиот чин што се случи пред Народното собрание и ќе морам малку повеќе да се занимавам со тоа во текот на денешниот ден“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање во Палатата на Србија на доделувањето бесповратни средства за околу 4.000 луѓе за купување куќа на село.
Вучиќ се извини што морал да го напушти состанокот поради, како што рече, сериозен терористички чин пред Народното собрание.
Во 13 часот Вучиќ ќе има вонредно обраќање до јавноста во Србија.
Српската полиција засега не издаде официјално соопштение за инцидентот пред Собранието на Србија што се случи претпладнево во кој е рането едно лице и беше запален шатор на приврзаници на властите.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
