Вучиќ со странски претставници на маргините на конференцијата на ОН во Доха
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Доха, Катар, за време на Конференцијата на ОН за најмалку развиените земји во светот се сретна со претседателот на Малдивите, Ибрахим Мохамед Солих, палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот на Бангладеш, Хасина Вазед.
„Присуството на оваа конференција е од големо значење за Србија, не само поради темите за кои се разговара овде, туку и поради важните средби со претставници на бројни земји, со кои разговарав за многу важни теми“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој оцени дека имал „исклучително важна средба со претседателот на Малдивите“, кого „подетално го информирал за ситуацијата во регионот на Западен Балкан“.
„Се согласивме дека зачувувањето на мирот и стабилноста, како и почитувањето на меѓународното право, се единствениот правилен пат за решавање на сите предизвици и отворени прашања. Разговаравме и за економска соработка, за која секако има простор, а договоривме и размена на посети на високо и највисоко ниво“, напиша Вучиќ за средбата со претседателот на Малдивите.
Тој исто така наведе дека имал „срдечна средба со неговиот пријател Махмуд Абас“ и дека разговарале за „актуелните светски трендови и прашања од интерес за земјите“.
„Со особено задоволство ја поздравив претседателката на Владата на Народна Република Бангладеш, Шеика Хасина Вазед, исклучително храбра жена која на сите форуми енергично се бори за подобрување на својата земја“, наведе Вучиќ и додаде дека ја поканил да ја посети Србија.
Вучиќ денеска го завршува престојот во Катар каде што разговараше со тамошните официјални лица, со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и со претседателот на Полска, Анджеј Дуда.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
