Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
![]()
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа оцени дека односите меѓу Србија и Франција се посилни од кога било во историјата и дека е убеден дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива, беше објавено на неговиот Инстаграм профил.
Вучиќ, во изјава за српски медиуми кои ја следеа неговата посета на Париз изјави дека имал тричасовен разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и дека е задоволен од средбата на која разговарале за „сите стратешки прашања“ што се очекуваат во наредниот период.
„Разговаравме за европскиот пат на Србија, дека можеме многу да направиме во следната година и тоа зависи од нас, но верувам дека расположението во Европската унија ќе биде такво што Србија ќе може да го постигне тој напредок“, рече Вучиќ.
Тој рече дека разговарале за сите билатерални прашања, заеднички инвестиции, инвестиции во Србија, соработка во областа на вештачката интелигенција.
Вучиќ додаде дека Србија купува суперкомпјутер од Французите, кој ќе биде многу вреден и единствен од таков вид во Југоисточна Европа.
На 15 декември, Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом, рече Вучиќ.
„За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија…Белград конечно ќе добие метро“, рече тој.
Тие разговараа и за воено-техничката соработка, можноста за монтирање хеликоптери Ербас во Србија.
Тој рече дека разговарале и за геополитичката ситуација и дека го информирал Макрон за моменталната состојба во врска со НИС и изјавил дека српската делегација денеска ќе има средби со Американците.
МИА
Ново на Сител
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
