-->
-->
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-->
Во текот на вчерашниот ден (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи. Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од следната учебна година свидетелства само во електронска форма
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, пораки за побрза интеграција на регионот
-
Се воведуваат нови ленти на граничниот премин Богородица за да се намалат летните гужви
-
Пресечен меѓународен канал за трговија во дрога во Струмица, запленети 100 килограми марихуана
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос