Македонија
22. December 2023 - 19:56

За два месеци клуч на врата на четири помали штипски конфекции

За два месеци клуч на врата на четири помали штипски конфекции кои вработуваа вкупно околу  130 текстилни работници, информираат од „Гласен текстилец“. Во една од конфекциите, работничките потпишале спогодби со работотдавачот и сега немаат право на испратнина и сето друго што ги следува согласно Законот за работни односи.

- Тие што не се потпишаа ние ја водиме постапката, но тие пто се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме- изјави Кристина Ампева – „Гласен текстилец“-Штип

Во останатите 3 фирми, една од нив должела една плата, а другите 2 должеле две плати.

- Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати, изјави Ампева

Причина за затворањето е од деловна природа, односно, заминувањето на дел од странските брендови, кои своето производство го преселија во северно африканските земји.

- Стареење на работоспособното население во овој сектор во Македонија и тие нормално бараат постабилен пазар, со поголема автоматизација, механизација и модернизација во работењето- додаде Ампева

Инфлација има секаде, опадна куповната моќ и на граѓаните на земјите од Унијата, а лон произвоството од кое зависиме како држава, на површина ги извади проблемите со кои се соочува текстилниот сектор.