За лекот „Трикафта“ ќе се почека уште еден месец
Иако првично беше најавено дека “Трикафтата” ќе стигне во Македонија до крајот на февруари, најкритичните пациенти со цистична фиброза лекот ќе го добијат за 30 дена односно до крајот на март. Премиерот информираше дека веќе била направена нарачка од единствениот производител во вредност од 2.2 милиони евра, но не прецизираше колку пациенти од вкупно 130-те ќе добијат терапија меѓу првите.
- Лекот се произведува само по нарачка, и беше кажано дека за времето на производство и дистрибуција потребни се 30 дена, изјави Премиерот Димитар Ковачевски.
Во меѓувреме испратени се во Собрание измените на 3-те закони со кои државата во иднина ќе може Трикафта и останати скапи лекови да купува директно од производителите по поевтина цена. Од пратениците од сите партии ќе зависи кога истите ќе бидат усвоени и ќе стапат на сила.
Целата оваа активност на Владата беше превземена откако почина пациент со Цистична Фиброза, а претходно со години молеше државата да му обезбеди Трикафта.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар