За време на Самитот екипи на брза помош на клучни точки во градот
Самитот на ОБСЕ нема да ја загрози здравствената заштита на граѓаните. Со дополнителни екипи од Тетово, Гостивар и Куманово ќе биде засилена скопската Брза Помош за евентуално зголемен број на ургентни состојби. Ќе работат непречено сите болници и клиники во главниот град со медицински персонал на повик, уверуваат од Министерството за здравство.
-Дополнително на сето тоа, дадено е известување до сите јавни здравствени установи да имаат дополнителни екипи во приправност и да одговорат на евентуално зголемени потреби за пружање на здравствена услуга, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство.
Од денеска на пладне до завршување на Самитот и заминување и на последниот гостин, одреден број на возила и екипи на Брза Помош се специјално ангажирани за евентуалните потреби на бројните учесници.
-Од најголемите јавни здравствени устасно и приватни, номинирани се одреден број на лица кои во рамките на тие установи треба да ги координираат работите за евентуални активности. Исто така да информирам дека екипи на Брза Помош се распределени на одредени стратешки точки, вели Манолева.
Јавните здравствени установи согласно одлуката на Владата, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
