Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.
Претходно АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга - ГП „Ќафасан“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.
Од 10:00 часот на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) ќе има забрана за движење на товарни возила која ќе трае во наредните 48 часа заклучно со 10 јануари во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
МИА
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
