Македонија
15. February 2026 - 10:00

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради врнежи од снег од  07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и  автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка. 

По целосниот прекин на патот Кичево - Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично.

 

МИА