-->
-->
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-->
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната ќе важи во следните термини:
- петок од 17:00 – 22:00 часот,
- сабота од 09:00 до 18:00 часот и
- недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 1 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
- петок од 15:00 – 22:00 часот,
- сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
- недела од 07:00 до 22:00 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија