Македонија
14. August 2025 - 16:36

Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево

Со засилено темпо тече изградбата на автопатот Охрид -Кичево. Премиерот Мицкоски посочи дека интензивно се работи на делови од патот каде има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето што е мошне важно за завршување на целата траса која ќе овозможи полесен проток на патници и побезбеден сообраќај.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски истакна дека се решава уште еден горлив проблем, а тоа е пуштањето  во употреба на клучката Подмоље,  која што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија но и решавањето на имотно правните односи и пристапните патишта до околните околните населени места. 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Трајановски подвлече дека активно се работи на секој метар со огромен број  механизација.

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево започна во февруари 2014 година. Последниот рок за негово конечно пуштање во употреба е крајот на 2026 година.