Заедно седеле и пиеле но се скарале па половина час го тепал со шипка, детали за убиството во Дојран

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Сега починатиот Никола Тимев, како што се вели во соопштението, претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.
- Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но, починал како резултат на здобиените повреди, појаснуваат од обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
