Заев: Ако не се изгласаат суштинските закони за изборите може да се одложат
Можно е да се одложат договорените избори за 12 април доколку во Собранието не се донесат законите за покачување на пензиите и платите на администратиците, најавува премиерот Зоран Заев. Најавата стигнува во време кога парламентот работи во хаос со набиена агенда со над 120 точки на дневен ред кои ги побара власта во пресрет на изборите.
Од пратеничката група на ВМРОД-ПМНЕ пак, велат дека хаост и пренатрупаноста во парламентот Заев ја користи само како изговор да ги одложи изборите кои, како што велат, знае дека ќе изгуби.
Слично размислуваат од опозициската БЕСА.
Колициската ДУИ пак, вели дека изборите треба се случат, но и дека има време преку дијалог да се донесат клучни законски решенија, како измени на изборниот зкаоник согласно препораките на ОБСЕ ОДИХР, законот за одбрана и ратификацијата на протколот за НАТО. Пензиите и платите не ги споменуваат.
И покрај ваквите меѓусебни прозивки, парламентот денеска продолжи со истите натегања меѓу пратениците од владејчакото мнозинство и опозицијата како и вчера кохга седницата траеше по полнош само за да се утврди дневниот ред.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
