Заев најави ревизија за премети во судството и во обвинителството
Судиите и обвинителите кои намерно ќе застарат предмети да бидат разрешени по автоматизам. Предметите ќе бидат следени електоронски, па веднаш ќе се алармира дека случајот заостанува поради судија или обвинител поради нечиј интерес. Тоа ќе биде сиглан Судскиот совет и Советот на обвинители да го констатира разрешувањето.
Ова е една од мерките што во изборната програма нуди владејчката СДСМ за изборите на 12 април. Лидерот Зоран Заев најавува нов сет на реформи во правосудството.
Започнуваме со детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители. Следува проверка на 5 отсто од сите судските пресуди во последните пет години, по случаен избор, истакна лидерот на СДСМ и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта – правна држава, ред, правда и дисциплина.
Ќе има и награди за пријавители на кривично дело чија пријава ќе биде основана. Заев повтори дека со новиот закон за јавно обвинителство се гарантира дека политиката не може да интервенира во судството и дека сите предмети од висока корупција ќе имаат судска завршница.
Лидерот на СДСМ најави поголема ефикасност и штедење и во извршната и законодавната власт власт. Алатката за јавните трошења и отчетност ќе биде законска обврска за сите институции, општините и судовите.
Според програмата на СДСМ, секоја институција ќе има обврска 4 пати во годината да има отворен ден за граѓаните.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
