Заев побара мандат од Иванов
Спакувани во црвена папка, потписите на 67те пратеници како гранција за можноста за состав на нова влада, Заев му ги предаде на Иванов. Точно во 2 часот лидерот на СДСМ придружуван од земеничката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски пристигнаа во претседателската вила на водно. Пред да ги предаде потписите, Заев порача дека очекува во најскоро време да го добие мандатот во свои раце.
- Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска, очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија. Истовремено, ја користам можноста да испратам порака до сите граѓани, но и до институциите на државата, дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија, рече Зоран Заев.
По кратката средба со Иванов, Заев и партиските придружнци заминаа во партсикото седиште. Одговор од Иванов денеска нема да има. Од кабинетот на претседателот инфомираат дека одлуката ќе биде деонесена во наредните денови, по примнањето на доказот за обезбеденото мнозинство.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
