Македонија
4. March 2020 - 16:43

Заев се предомисли за промената на имињата на училиштата во Чаир, за ВМРО-ДПМНЕ одлуката е незаконска

Заев го промени ставот околу законитоста на преименувањето на училиштата во Чаир. Откако вчера лидерот на СДСМ тврдеше дека постапката на замена на македонски со албански историски личности е незаконска, денеска на неговиот Фејсбук профил образложи дека после дводневна темелна анализа со правни експерти промената била согласно Законот за основно образование и немало потреба од Бадентерово мнозинство во советот на општината.

-Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.напиша Заев на Фејсбук.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ промената била направена на незаконски начин, а советничката група од неговата партија во советот гласала против. Мицковски рече дека нема зошто да ги коментира различните изјави на Заев и не гледа потреба вакви работи да се прават пред избори. Престедателот на опозициската партија потенцираше дека зборува само процедурата, а не за имињата на тие училишта.

-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

 Инаку проблемот со таблите на училиштата датира уште од 2012 година. Министерот за образование вчера објави дека во Централниот регистар се променети имињата на две основни училишта во Чаир,  Никола Вапцаров, кое сега се вика Имри Елези , а Рајко Жинзифов е преименувано во Исмаил Ќемали.