Заев со повик до Унијата да стави крај на бугарските барања
Руската агресија врз Украина е причината поради која Европската Унија мора да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено македонското, смета поранешниот премиер Зоран Заев кој присуствуваше на дебатата посветена на европскиот суверенитет . Според него европската идеја не смее да остане уценета од национализмот , ниту пак унијата да дозволи национализмот да става вето врз слободата. На лидерите од ЕУ им порача дека ова е време кога треба да се одважат и да преземат политичко лидерство, онака како што тоа го правеле основачите на ЕУ.
Според францускиот амбасадор особено било важно што се повеќе се зајакнувал стратешкиот интерес за европската интеграција на Западен Балкан, а со тоа и на Македонија.
„Денес Стратешкиот интерес за Европската интеграција на Западен Балкан се повеќе се зајакнува, а тоа особено важи за Северна Македонија. Тоа беше вистинито вчера, но уште по вистинито е денес и ние денес сите секој на своето место сме мобилизирани за да ја постигнеме таа заедничка цел за отварање колку што е можно побрзо на пристапните преговори за влез во Европската Унија“, рече Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција
Конференцијата во Струмица е втора по ред во рамки на Француското претседателство со Советот на Европа.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар