Македонија
8. February 2021 - 16:37

Закон за лобирање - Борба со корупција или нејзина легализација?

Легализација на корпуција преку лобирање или пак, спречување на корупција при носење на законски решенија во интерес на некоја група. Иако се согласни дека закон е потребен, власта и опозицијата имаа различни ставови на првото читање на новиот закон за лобирање во Комисијата за политички систем.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавува амандмани на законот.

Од власта велат дека законот е поради реакциите од Европската комсија и ГРЕКО да се воведат правила за односите на пратениците со лобисти и трети лица што настојуваат да влијаат врз законодавниот процес.

Според предлог законот ќе биде забрането лобирање во судски постапки, потоа за оставрување на индивидуални права, за безбедносни прашања, во име на политички партии, или кај функцинери или службени лица за вршење на работа од нивна надлежност...Сите кои ќе сакаат да лобираат во парламентот за одредено законско решение ќе треба да се пријават во Регистарот на лобисти што ќе го води Државната комисија за спречување на корупцијата.