Македонија
2. January 2026 - 16:37

Законот за работно ангажирање стапи во сила

85.000 работници сѐ уште работат на црно, надвор од системот. Законот за работно ангажирање, кој од вчера стапи во сила, според министерот Дурмиши треба суштински да ги промени овие бројки, а околу 17.000 работници конечно да влезат во системот.

- Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери без губење на нивните веќе стекнати права. Корисниците на гарантирана минимална помош не ги губат социјалните и детските права. Невработените не се бришат од евиденција и не го губат паричниот надоместок. Пензионерите не го губат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем, вели Дурмиши.

Нова година заврши, на ред се божиќните празници. Државата сѐ уште не знае дали маркетите драматично ги зголемувале цените на производите или не.

Имаме засилени контроли. Во текот на идната недела ќе излеземе со конкретни податоци што сработил Пазарниот инспекторат во овој период, колку казни се напишани и дали има драстично зголемување на цените или не. Но, она што го имаме како првични информации е дека нема некое драстично поскапување, освен кај одредени производи каде што е завршена акцијата, вели Дурмиши.

Во минатото државата правеше т.н. кошници со кои ги замрзнуваше маржите на производите со цел стабилизирање на цените. Летоска Владата најави опсежна анализа на т.н. Базична инфлација“ и од каде таа потекнува. Анализата беше направена, но не резултираше со мерки против поскапувањето.