-->
-->
104-годишна Американка скокнала со падобран
-->

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева дека ќе добие сертификат за најстарата личност која некогаш скокнала со падобран по тандем скок во неделата, слетувајќи на аеродром во северниот дел на Илиноис.
„Годините се само бројка“, рече Дороти Хефнер пред воодушевената толпа веднаш по слетувањето на аеродромот за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго, пишува „Чикаго трибјун“, пренесува ВОА.
Рекордот за најстар падобранец на светот во Гинисовата книга на рекорди во мај 2022 година го постави 103-годишната Линеа Ингегард Ларшон од Шведска.
Сепак, Skydive Chicago Airport сака скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светски рекорд, објави локалната ТВ станица WLS.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
