Во Словачка, куче фатено зад волан, сопственикот казнет

Полицијата во Словачка казни маж поради снимка на којашто се гледа како неговото куче седи зад воланот во автомобил „Шкода“.
На снимката од улична камера за брзина, потоа објавена на Фејсбук, изгледа како кучето да „се смешка“ додека на возачкотото седиште на возилото. Сопственикот на автомобилот се правдаше дека неговото милениче – кафено ловечко куче одеднаш му скокнало в скут.
Меѓутоа, полицајците во околината на словачката престолнина Братислава, тврдат дека тоа не е точно, бидејќи во возилото не се забележани нагли движења. Властите ги предупредија возачите да ги почитуваат правилата за безбеден превоз на домашни миленици.
„Дури и мало животно може да ве загрози додека возите“, потсети полицијата.
Не е јасно дали казната за возачот (не за кучето) е одредена поради пребрзо возење зашто миленикот седел на возачкото седиште или затоа што кучето не било врзано во возилото во движење, коментираат медиумите.
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
