Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога", на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.
Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција.
И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ.
Ново на Сител
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник