Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание за одвивањето на авиосообраќајот, информираат од М-НАВ.
- По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој се одржа на 01.12.2025 година, денес официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар, велат од М-НАВ.
Оттаму посочуваат дека оваа фаза претставува значаен чекор во рамки на проектот за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај.
- Процесот се реализира со висок степен на координација и професионална посветеност, при што посебно се истакнува напорното залагање, ангажманот и експертизата на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на ваков комплексен проект, се наведува во соопштението.
По завршувањето на демонтажата, како што информираат од М-НАВ, ќе следуваат дополнителни градежни активности за поставување на новата конструкција, како и инсталација на новиот современ Мод S радар, со што значително ќе се унапреди безбедноста и ефикасноста на управувањето со воздушниот сообраќај.
Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година.
- Менаџментот, во тесна соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт, останува цврсто посветен на спроведување и конечно завршување на стратешките проекти, кои од неразбирливи причини со години тапкале во место, со јасна цел – модерна, безбедна и функционална воздухопловна инфраструктура, велат од М-НАВ.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
