Македонија
18. September 2026 - 16:26

Започна штипската „Пастрмајлијада 2026“

Со мирис на печено месо, музика и традиционалниот штипски специјалитет, денеска започна 18-тото издание на Штипската Пастрмајлијада. Манифестацијата традиционално беше отворена со сечењето на џиновската пастрмајлија, годинава долга рекордни два метри и 10 сантиметри. За нејзината подготовка биле употребени околу 17 килограми свежо свинско месо, 20 килограми брашно и четири литри зејтин. Но, џиновската пастрмајлија е само вовед во дводневниот гастрономски и забавен спектакл.

- Илјадниците гости кои ќе го посетат деновиве штип ќе имааат можност да вкусат штипска пастрмајлија. На две локации ќе има настани и културно забавана уметничка програма, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ , а Градскиот стадион е локацоијата каде ќе се одржи вечерниот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, за да на кеај заврши познатата балканска музичка ѕвезса, Жељко Јоксимовиќ, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За „Пастрмајлијадата“ се пријавени повеќе од 30 угостители, а цената на штипската пастрмајлија е утврдена на 250 денари, и покрај зголемените трошоци. Сепак од локалната самоуправа очекуваат и годинава голем економски бенефит за сите дејности кои се поврзани со манифестацијата. 

- Сите сместувачки капацитети се исполнети, угостителските објекти верувам ќе бидат преполни, додаде Јорданов

Два дена Штип повторно е во знакот на својот најпознат гастрономски бренд со очекување градот да го посетат гости од земјава, регионот и странство.