Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола

Задоволство беше да поддржиме инвестиција во која околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра, и на тој начин продолжуваме да поддржуваме инвестиции кои ќе бидат додадена вредност во македонската економија, истакна претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски на денешното свечено отворање на фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола.
- На овој убав настан и би рекол на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто секогаш тоа што ќе се гради има зa цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола, па и во целата држава. За мене претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам со тие кои што го градат. Денеска имаме приватна иницијатива, која што на почетокот на оваа Влада започна со процесот на реализирање, рече Мицкоски, додавајќи дека денеска сите сме сведоци дека станува збор за една ретка инвестиција, за производи коишто кај нас не така често се користат, но во светот се користат во делот на спортовите на вода.
Во изјава за медиумите, премиерот Мицкоски најави промоција на две нови инвестиции во битолската индустриска зона „Жабени“.
- Продолжуваме да поддржуваме инвестиции кои ќе бидат додадена вредност во македонската економија, истакна Мицкоски.
Тој му честиташе на сопственикот за одлуката, посочувајќи на оној неврзан дел од разговорот во кој самиот признал дека минувајќи ги годините во Битола почнал „да се вљубува во Битола и во нашата земја“. - Ние сме биле познати во историјата како добри домаќини, битолчани се познати како добри домаќини, така што се надевам и во периодот што следи ќе продолжиме со реализирање и на други инвестиции, рече Мицкоски.
„Брејнчајлд“ е нова фабрика отворена од странски инвеститор со еколошки стандарди за производство, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
- Заложбите за економски напредок на Битола стануваат реалност, а со поддршка на Владата посебно се фокусираме на напредокот и развојот на индустриската зона „Жабени“. Радува фактот што тука во последниве години има неколку инвестиции, а на седум јавни наддавања, купени се над 20 локации. „Брејнчајлд“ работи за клиенти кои месечно користат од 900 до 1.100 пакети производи, а главен производ е спортско крило за скијање на вода кое го користат врвни спортисти. Среќен сум што се инвестира на вестинско место, на самата порта на Европа, во Битола, нагласи Коњановски.
„Брејнчајлд“ ќе направи позитивна промена во животот на своите вработени, истакна Ралф Гросел, сопственик на фабриката што денеска свечено беше отворена во битолската индустриска зона „Жабени“.
- Со отворањето на нашата фабрика ние бележиме уште една значајна пресвртница во нашата експанзија, да произведуваме опрема за спортови на ветер и вода во срцето на Европа. Тука во Битола почнавме еден од најиновативните капацитети за производство на крилја во светот, користејќи најсовремени технологии. Поставуваме нови стандарди и овозможивме спортистите да постигнуваат светски резултати. Кога пред пет години во Битола го отворивме нашиот центар за истражување и развој, јас го препознав огромниот потенцијал на Македонија, земја која во последните години покажа импресивен развој. Овој напредок се должи на далекувидната и посветена работа на Владата, истакна Гросел на свеченоста во Битола.
Фабриката „Брејнчајлд“ има современа хала за работа, изградена на површина од 3.500 метри квадратни во индустриската зона „Жабени“ во Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
