Запрена постапката за набавката на мазут

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја запре истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, откако по едногодишна постапка не биле потврдени наводите од кривичната пријава.
Постапката се водеше против 13 лица и една фирма, меѓу кои сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски, како и поранешни функционери во ЕСМ.
Според Обвинителството, од прибраните докази не произлегло основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела, ниту пак било утврдено друго дело што се гони по службена должност. Истрагата се однесуваше на сомневања за злоупотреби при јавни повици, незаконско склучување договори и анекси, како и перење пари при набавките на мазут во услови на енергетска криза.
Од Обвинителството наведуваат дека постапките биле спроведени согласно законските исклучоци во услови на криза, дека мазутот бил навремено испорачуван и дека не била утврдена штета за ЕСМ или за државниот буџет.
Ново на Сител
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
