Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето, соопшти ДПИ.
При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки - привремена забрана за вршење на дејност.
Државниот пазарен инспекторат нагласува дека ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатува апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
