Македонија
12. May 2023 - 16:33

Затворен за сообраќај мостот кај транспортен по големиот пожар ноќеска

4 часа беснеел пожарот на мостот кај транспортен, пожарникарите едвај го локализирале од големата жештина која се ширела од цевководот на Бег. Со 8 возила 20тина пожарникари се бореле со огнот од двете страни на речното корито.

Мостот е затворен за сообраќај, а според ЦУК ќе биде затворен и за пешаци. Полицијата го обезбедува просторот, но во текот на денот граѓаните се движеа по него.

Гаснењето на пожарот се одвивало тешко бидејќи постоела опасност по животот на пожарникарите. Неопхопдно било да се исклучи струјата на тој потег и да интервенираат екипи на БЕГ.

Пожарот е пријавен во ЦУК неколку минути пред полноќ. Она што првично го виделе пожарникарите е дека горела топловодната мрежа со цевки широки 1м кои се наоѓаат под бетонската плоча на мостот. 

Полицијата денеска правеше увид, а неофицијално причина за пожарот е човечки фактор или спој на електрична енергија. Во околината се пронајдени стари душеци, ќебиња и други лесно запаливи предмети. Ова не е прв пат да се пали оган во близина на овој мост каде што обично престојуваат бездомници. Пожарникарите често интервенирале на овој потег на запалени гуми и пласика.