Завршен извештајот за смртта на новороденчето во Битола
Готов е, но мининистерството за здравство нема јавно да го објави извештајот од стручниот надзор за случајот со родилката која го загуби бебето во битолската болница. Добиле насоки да го достават само до обвинителството, од каде понатаму ќе информирале.
- Добиен е допис од Основно јавно обвинителство дека случајот е во фаза на предистражна постапка, се уште се прибираат податоци за овој случај, информираат од здравство.
Но, претходно заменичката министер кажа дека извештајот веќе бил објавен.
- Да, мислам дека е готов и беше поставен во јавноста, изјави д-р Маја Манолева, заменик министер за здравство.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи по втор пат се огласи и родилката која го загуби бебето. Викторија Крстеска посочи дека 12 дена откако била пуштена дома, а се уште нема отпусно писмо од болницата. Таа е категорична дека ќе се бори до крај па дури и да ја наместат обдукцијата.
- Јасно е дека има позадина, барем БИДЕТЕ ХРАБРИ И ПРИЗНАЈТЕ. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе., напиша Крстеска на Фејсбук.
По нејзината објава од министерството за здравство соопштија дека во текот на денот на пациентката ќе и биде доставена отпусната листа.
За случајот со малата Јана која почина пред еден месец битолското обвинителство го добило обдукцискиот наод, но се уште нема одговор која е причината за смртта. За ова треба да се произнесе Институтот за судска медицина од Скопје.
- Основното јавно обвинителство Битола го разгледува во контекст на целокупната прибрана медицинска документација по што ќе биде издадена наредба до Институтот за судска медицина врз основа на сите прибрани докази да се произнесе за евентуалната причинско-последична врска на медицинскиот третман со причините за смртта, информијаат од ОЈО Битола.
На почетокот на мај исказ во обвинителството ќе дадат и родителите на Јана. Откако ќе се комплетира целата документација надлежниот обвинител ќе донесе одлука за случајот, велат од ЈОРМ.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар