Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика

Со прогласување на најдобрите натпреварувачи во повеќе категории, викендов во Делчево успешно заврши годинешното издание на спортско-адреналинската манифестација „Enduro Off Road Делчево 2026“. Настанот, кој веќе традиционално се одржува неколку години по ред, и оваа година собра бројни љубители на мото-спортовите, оф-роуд возењето и четирициклите од целиот регион.
Натпреварувачите ги одмерија своите сили и вештини на тешките терени во неколку дисциплини: мотокрос (во класите до и над 250 кубици, како и јуниор и лајт категорија), АТВ (четирицикли) и џипови (поделени во категории до и над 2500 кубици).
За време на свеченото затворање и доделувањето на признанијата, организаторите изразија благодарност до сите учесници, спонзори, помагатели и јавни служби, истакнувајќи дека најважно од сè е што манифестацијата помина во фер атмосфера и без ниту една повреда.
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, примајки плакета и благодарница, истакна дека овој настан е меѓу најголемите амбасадори и промотори на градот.
- Ова што го правите веќе неколку години по ред е за почит и за пример. Успеавте на крајот на годината да направите најголем настан во мото-спортовите во Македонија. Ви посакувам од следната година тука да изградиме и нова, убава мото-патека која ќе биде вашиот препознатлив белег и ќе овозможи уште посигурни и подобро организирани манифестации во иднина, порача градоначалникот Гоцевски.
Посебни аплаузи беа испратени за најмладите учесници во категоријата Мотокрос Јуниори, кои според организаторите се иднината на овој спорт во Делчево. Организаторите најавија уште поголем масовност и подготовка за следното издание во 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
