Здрвствените работници на протест за повисоки плати и спас на јавното здравство
Здравствените работници од најголемите синдикати излегоа на протест за повисоки плати и за спас на јавното здравство.
Од Синдикатот на Клинички паузата ја искористија да го искажат незадоволството поради доцнењето на јануарската плата и да повикаат што поскоро да се потпише договореното за поголеми месечни приходи за сите, но и да се задржи медицинскиот кадар во земјава, особено медицинските сестри бидејќи последните 5 години над 5000 ја напушиле државата бидејќи нивните примања се изедначуваат со техничкиот персонал.
-Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар Скопје.
Од синдикатот посочија дека Клинички се соочува и со недостиг на стручни лекари пред се поради како што велат незаконското пензионирање на 180 врзвни доктори минатата година. Иако новиот министер за здравство Фатмир Меџити доаѓа токму од Комплекот клиники денеска не се појави на протестот да им даде подршка на колегите.
-Негодување, има и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа, изјави д-р Русе Пецаноски, од Синдикатот на Клинички.
Од Самостојниот синдикат за здравство при ССМ пак на протестот од пред ГОБ 8 септември повикаа што поскоро да се потпише анексот за покачување на платите во здравствената дејност.
-Тоа е основата на протестот, да го свртиме вниманието на надлежните, информираше Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита при ССМ.
Протест на незадовоилни здравствени работници во исто време од 10 до 10.30 се одржа речиси во сите градови во Македонија. Во Штип добија подршка и од директорот на Клиничката болница.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар