Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за недостиг на почит кон Украина.
- Непочитување е да се патува во Москва, а да не се дојде во Киев – рече Зеленски вчера во интервју за државна информативна програма.
Тој рече дека ги разбира тешкотиите поврзани со патувањето во земјата разурната од војна, но истакна дека и други го посетиле Киев.
Зборувајќи за можната посета на Киев, Зеленски рече: „Нам не ни треба ова, ним им треба“. Тој исто така нагласи дека резултатот од разговорите, а не локацијата, е она што му е важно.
Зеленски повторно го одби руското барање Украина да се повлече од источните региони Луганск и Доњецк.
- Тоа несомнено би бил стратешки пораз за нас – рече тој.
Без своите утврдувања и развиената одбранбена линија, Украина би била послаба, рече тој, додавајќи дека наредбата за повлекување исто така би го ослабнала моралот на украинската војска, пренесе ДПА.
Зеленски рече дека најбрзиот начин да се заврши војната би бил преку прекин на огнот долж моменталната линија на фронтот.
Украина со западна помош се брани од руска инвазија повеќе од четири години.
Вашингтон со месеци ги притиска завојуваните страни да постигнат мировен договор. Сепак, преговорите се во застој од февруари поради војната во Иран.
Пред тоа, Виткоф и Кушнер неколку пати патуваа во Москва на разговори со лидерот на Кремљ, Владимир Путин.
Посетата на Киев, која се очекуваше по православниот Велигден на 12 април, требаше да биде нивна прва во украинскиот главен град, но досега не се реализираше.
МИА
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
