Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во неговата земја, пренесе Укринформ, повикувајќи се на изјава на шефот на државата на социјалната мрежа Фејсбук.
„Крајот на војната мора да биде праведен и јас сум благодарен на сите кои сега се со Украина, со нашиот народ, заради мирот во Украина, кој ги штити виталните безбедносни интереси на нашите европски народи“, нагласи Зеленски.
Според него, Украина ја цени и целосно ја поддржува изјавата за мир во Украина на францускиот и финскиот претседател Емануел Макрон и Александар Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерите на Италија, Велика Британија и Полска, Џорџа Мелони, Кир Стармер, Доналд Туск, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претходно, водечките европски лидери во заедничка декларација изразија уверување дека „само пристап што ги комбинира активната дипломатија, поддршката за Украина и притисокот врз Руската Федерација“ може да стави крај на војната меѓу Украина и Русија и нагласија дека продолжуваат да го следат принципот дека меѓународните граници не треба да се менуваат со сила.
Декларацијата е објавена пред претстојната средба в петок во Алјаска меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин
МИА
Ново на Сител
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора