Зеленски ја предупреди Европа за планови на Русија во Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на заканата што ја претставува Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко важи за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
– Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија ова лето во Белорусија, изјави Зеленски вчера во Вилнус, Литванија. Неговиот коментар дојде откако владата во Минск соопшти дека стратешките воени вежби Запад-2025, кои ги организира со Русија, ќе се одржат подлабоко во внатрешноста на Белорусија.
Франак Вјачорка, главен политички советник на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, вчера за Њузвик изјави дека сценаријата за вежбите ќе вклучуваат „непријателски сценарија“ против Западот.
Иако Лукашенко формално не влезе во војна против Украина, уште од 2022 година им дозволува на руските сили да ја користат белоруската територија за напади. Предупредувањето на Зеленски дополнително ја зајакнува загриженоста дека Путин, користејќи го влијанието врз Лукашенко, повторно би можел да ја искористи Белорусија како база за напади врз Украина, што значително би го зголемило ризикот за источната граница на НАТО.
Зеленски ги повика сојузниците да соберат разузнавачки податоци за плановите на Минск како дел од заедничките воени вежби закажани за септември.
– Ако Русија и Белорусија се доволно дрски да подготвуваат напади таму, тогаш ни треба поголема сила на заедништво, истакна тој.
Тој претходно веќе предупредуваше дека обуката на руски војници во Белорусија би можела да значи „почеток на нова сеопфатна инвазија“, што претставува закана и за Украина и за соседните членки на НАТО.
Вежбите Запад се одржуваат на секои две години од 2009 година, но не се одржаа во 2023 година. Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин најави дека овогодишните вежби ќе бидат преместени подлабоко во внатрешноста на земјата со цел да се „намалат тензиите“. Но, аналитичарите и украинските функционери стравуваат дека овие вежби би можеле да послужат како параван за распоредување руски трупи.
Ново на Сител
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
