-->
-->
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-->
Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.
Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор.
Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски. Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.
Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани