Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе „победата на изборите и обезбедениот четвртиот последователен мандат”.
Во објава на Платформата Х, Зеленски му посакува успех во служба на народот, притоа истакнувајќи дека се “радува на натамошно зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји”.
„Честитки до Еди Рама и Социјалистичката партија за убедливата победа на изборите. Ви посакувам успех во служба на албанскиот народ”, пишува тој.
Додава дека го цени ставот на Рама за потребата од траен мир за Украина.
„Го цениме вашиот јасен и непоколеблив став за потребата од траен мир за Украина, кој може да се постигне преку целосен и безусловен прекин на огнот. Со нетрпение очекувам натамошно зајакнување на пријателските односи меѓу нашите земји за доброто на двете нации“, нагласува Зеленски.
Првата честитка од премиер на друга земја за изборниот триумф Рама ја доби од неговата италијанска колешка Џорџа Мелони.
Во објава на Платформата Х меѓу другото порачува дека „ќе продолжи работата меѓу двете влади, италијанската и албанската, за натамошно зајакнување и продлабочување на соработката”.
„Ќе продолжиме да работиме на понатамошно зајакнување на врската меѓу нашите две влади и постигнување заеднички цели, вклучително и зајакнување на стабилноста на Балканот и унапредување на европскиот пат на Албанија, напиша Мелони.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
