Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека намерата на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, да ја заврши војната во Украина преку отстапки може да биде опасна не само за Украина, туку и за позицијата на САД во светот бидејќи, како што изјави, рускиот претседател Владимир Путин нема намера да застане доколку победи во војната.
Зеленски во интервју за Гардијан рече дека е убеден дека Путин нема да застане во Украина и ќе оди понатаму доколку победи во војната.
Зеленски оцени дека евентуалниот договор меѓу Трамп и Путин за завршување на војната во Украина нема да го спречи рускиот претседател и натаму да освојува и дека тоа би значело дека Трамп е губитник, пренесоа украинските медиуми.
-И тогаш Путин ќе продолжи понатаму, сфаќајќи дека САД повеќе не се толку голем играч, а потоа на сцената ќе влезат други авторитарни лидери на други земји. Ова е трета светска војна, рече Зеленски.
Трамп постојано изјавува дека ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена преку директен контакт со Путин.
Ново на Сител
-
Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска
-
Кинез починал на лице место во фабрика во Кавадарци откако бил удрен од кран
-
Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Орбан и унгарски политичари во шок од убиството на Чарли Кирк: Стоп за омразата од левичарската пропаганда
-
Приведени двајца возачи од Охрид и Кичево управувале мотоцикл и возило со 2,36 и 1,75 промили алкохол во крвта
-
Кривична за поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ Кавадарци, предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482 денари
-
Приведени двајца крадци од гостиварско
-
Зеленски изрази незадоволство од светските лидери