Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк е мртов. Тој беше патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и земјата што толку многу ја сакаше, Соединетите Американски Држави, изјави Доналд Трамп и вети дека ќе бидат откриени сите што приоденеле за атентатот врз неговиот близок соработник и политички сојузник.
Обраќајки се од Овалната соба, Трамп ја нападна радикалната лавица дека е виновна за убиството.
31 годишиот Чарли Кирк еден од највлијателните американски конзервативни активисти и водител на подкаст и радио ток шоу со милиони следбеници беше смртно застрелан додека зборуваше за масовните убиства во САД на настан на отворено на Универзитетот Јута, во истоимената американска сојузна држава.
Напаѓачот испукал еден куршум од покривот на блиската зграда, погодувајќи го Кирк во врататот. На настанот имало околу 3000 студенти.
Полицијата трага по убиецот. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, го окарактеризира убиството како „политички атентат“
Организацијата Момент на пресврт САД, која Кирк ја формирал на 18 годишна возраст има за цел да промовира конзервативни идеи на универзититетските кампуси и беше важен лост во зајакнувањето на влијанието на Републиканската партија меѓу студентите.
Беше познат по своите жестоки дебати за прашања како што се идентитетот, семејството, климатските промени и правото за поседување на користење огено оружје а неговото мото гласаше докажи ми дека грешам, односно демантирај ме.
Кирк беше голема поддршка за Доналд Трамп за време на претседателксата трка во обезбедувањето на гласовите на младите. Истакнати демократи, вклучително и поранешниот претседател Џо Бајден го осудија нападот, нагласувајќи дека политичкото насилство нема место во Америка. На веста од САД реагираа и европски политичари. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на платформата Икс го нарече Кирк „вистински борец за верата и слободата“ и повика да сопре, како што вели, омразата на либералната левица.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар