Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека Украина сака да се приклучи кон НАТО, нагласувајќи дека членството во алијансата претставува една од „најочигледните“ гаранции за безбедноста на земјата.
Прашањето за интеграцијата на Украина во НАТО повторно се актуелизираше последните денови во услови на тековни преговори за ставање крај на речиси петгодишната инвазија на Русија, забележуваат агенциите.
Пред неколку дена, за време на состанокот во Берлин со сојузниците на Киев, американскиот претставник Џаред Кушнер истакна дека САД можеби се подготвени да ѝ обезбедат на Украина „безбедносна гаранција слична на таа предвидена во член 5“ од Северноатлантскиот договор.
Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така присутен во Берлин, повика на продолжување на дебатата за пристапувањето на Украина во НАТО. Елисејската палата вчера соопшти дека давањето заштита според член 5 де факто би значело вклучување на Украина во алијансата.
МИА
Ново на Сител
-

Г.г. Стефан му го честита роденденот на рускиот патријарх, благодарејќи му за татковската грижа
-

Заедничко поклонение на верниците католици во Битола со чудотворна икона од 19 век
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска, адвокатка
-

Убиство во Скопје: 38-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана на ногата
-

Обвинение за насилникот од Битола
-

Граѓански протест во Охрид против насилството врз жените
-

Македонија се подготвува за тешка зима, Владата уверува дека има план
