Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“.
По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и за идеи што би можеле да ѝ помогнат на Украина.
Средбата траела околу еден час и се одржала зад затворени врати. Според извори запознаени со разговорите, се дискутирало и за можен предлог за воздушно примирје, кој подоцна би можел да ѝ биде претставен на Русија.
Разговорите се одржуваат во период кога и Украина и Русија ги засилија воздушните напади, додека Белата куќа соопшти дека Трамп и понатаму е посветен на постигнување мировен договор.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
