-->
-->
Зеленски: Русите се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за копнени напади
-->
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај на Врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски, утринава изјави дека руските сили се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за засилени копнени напади, но дека овие напади биле одбиени.
„Русите, всушност, се обидоа да извршат копнени напади под покритие на нивните масовни воздушни напади“, рече Зеленски на Телеграм, пренесоа британските медиуми.
Тој додаде дека додека украинските сили се концентрирале на одбрана од ракети и беспилотни летала, Русите започнале засилени копнени напади, но дека биле одбиени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност