-->
-->
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека претходната американска администрација и ветила на Украина 20.000 ракети за борба против беспилотните летала „Шахед“, но дека тие ракети потоа биле испратени на друга дестинација.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, Зеленски рече дека утрово украинскиот министер за одбрана му кажал дека САД ги префрлиле ракетите ветени на Украина на Блискиот Исток, пренесе Укринформ.
„За време на претходната администрација, беше министерот за одбрана (Лојд) Остин, и ние се одлучивме за еден проект. Сметавме на овој проект – 20.000 ракети за борба против „Шахед“. Утрово, мојот министер за одбрана ми рече дека САД ги префрлиле на Блискиот Исток“, рече Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
